Карачиќ: Тешко е да се игра во Битола, тоа е многу жежок терен!

Во среда стартува новата сезона од ракометната Лига на шампиони, а во првото коло Пелистер во Битола го пречекува тимот на Загреб.

Дел од тимот на Загреб оваа сезона е и поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ кој многу добро знае како е да се гостува во Битола.

„Пресреќен сум дека конечно доаѓа тој натпревар и дека завршивме со подготвителниот период, дека периодот со жестоко трчање е зад нас. Во среда почнува нашиот европски пат за кој се подготвуваме повеќе од еден месец и се надевам дека ќе го почнеме успешно. Лично јас сум многу мотивиран, но сигурен сум дека истото важи и за сите наши играчи. Се надевам и верувам дека ќе одиграме добра партија во Битола и ако имаме и малку среќа тогаш со насмевка би се вратиле во Загреб. Мислам дека шансите се израмнети. Тоа е еден многу жежок терен и навистина не е лесно да се игра во Битола, тоа го знам бидејќи со години гостував таму. За да се вратиме со посакуваниот резултат, секој играч ќе мора да даде 300 проценти. Во однос на некои минати години мислам дека сега Пелистер е подобро избалансиран тим. Ми се допаѓа тоа што имаат одличен спој на младост и искуство и мислам дека се добро покирени на сите позиции. Сепак, верувам дека и нашиот тим има се што имаат и тие, а можеби и малку повеќе од тоа. Со голема желба, борбеност и мотивираност, можеме да им пружиме отпор, а како што реков и со малку среќа да дојдеме до победа“, рече ракометарот на Загреб, поранешниот вардарец, Игор Карачиќ.

Натпреварот се игра во среда со почеток од 20:45 часот.

Фото: РК Загреб