Со гол во 94 минута третпат во низа обезбедија пласман на СП! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Тунис стана втората афричка репрезентација која го обезбеди пласманот на Светското првенство во 2026 година и тоа го направија откако денеска ја совладаа Екваторска Гвинеја со 1-0.

Моментот кој донесе трет пласман на Тунис во низа на еден Мундијал се случи во 94. минута кога дефанзивецот на домаќините направи голема грешка и Фирас Шаут ја украде топката во контра, а потоа асистираше до Мохамед Бен Ромадхан кој рутински ја затресе мрежата и донесе големо славје за својата репрезентација.

Тунис во својата група оствари седум победи и едно реми, па со 22 бода веќе се недостижни за конкурентите, најблиску до нив е Намбија која има 12.