
Израел не најде одговор за Адетокумпо - Грција е меѓу осумте најдобри
Грците доминираа цел меч, 39 минути се наоѓаа во водство, а ниеднаш во негатива ин сосема заслужено стигнаа до осумте најдобри во Европа. Израелците имаа само 2-2 во воведната фаза од мечот, а во останатиот дел ја бркаа негативата на противникот.
Репрезентацијаата на Грција пред крајот на првото полувреме водеше со 50-39, но жилавиот ривал се доближи на само два поена негатива во третиот период (58-60). Сепак, финалниот удар, Грците го зададоа во последната четвртина кога отидоа на огромни 73-59 кои Израел во натамошниот дел од натпреварот не можеше да ги достигне.
Убедливо најзаслужен за триумфот беше Јанис Адетокумпо кој постигна 37 поени и 10 скока и тоа со извонреден шут од игра (18/23), за индекс 37. Дени Авдија се обиде да го однесе Израел во четвртфиналето, постигна 23 поени, но тоа не беше доволно за триумф.
Во четвртфиналето, грчката репрезентација ќе се сретне со Литванија, а натпреварот е на програмата во вторник.