
Истанбул ќе „гори“: Фенербахче преговара со тренер кој освои 11 титули со Реал Мадрид
Медиумите од Турција пишуваат дека Фенербахче е во напредни преговори со Зинедин Зидан, кој четири години е без работа, откако претходно освои 11 пехари со Реал Мадрид како тренер.
Зидан во изминатите години се поврзуваше со многу екипи, како и репрезентацијата на Франција, меѓутоа остана надвор од фудбалските терени.
Французинот двапати ги предводеше „кралевите“, и тоа во период од 2016 до 2018 и од 2019 до 2021 година, при што освои 11 титули.
Фото: Facebook/Fenerbahçe