
Мбапе го стигна Анри, пред него е само Жиру (ВИДЕО)
Напаѓачот на Реал погоди во 82. минута и го постави конечниот резултат, а тоа беше негов 51. гол во репрезентативниот дрес. Со него се израмни на втората позиција на вечната листа на стрелци на француската репрезентација со Тиери Анри, а пред него е само Оливие Жиру со 57.
Со оглед на тоа што Жиру лани се откажа од националниот тим, јасно е дека Мбапе наскоро ќе стане најдобар стрелец во историјата на француската репрезентација, можеби веќе идната година.