
„Петарда“ на Италијанците - Гатузо дебитираше со убедлива победа (ВИДЕО)
Легендарниот италијански фудбалер вечерва дебитираше како селектор на „аѕурите“, а според прикажаната играта, може со него да се очекуваат подобри денови и конечно прв пласман на Светското првенство по 2014 година. Интересно е тоа што Италијанците го поминаа во грч првото полувреме, а сите пет гола ги постигнаа во вториот дел.
Ѕвезда на вечерта беше Матео Ретеги кој постигна два и асистираше за еден гол на Италија. На негово додавање, Кеан го отвори резултатот во 58. минута, а потоа се редеа шансите и головите на домашната селекција. Во 69. минута Ретеги го постигна својот прв гол, две минути подоцна Распадори зголеми на 3-0, а на истекот одн основниот дел повторно погоди Ретеги. Конечниот резултат го постави Бастони во втората минута од судиското продолжение.
Ова беше највисока победа на Италијанците по 8 септември 2021 година кога со идентичен резултат ја победија Литванија, а пет гола последен пат постигнаа против Македонија на 17 ноември 2023 година (5-2).
Триумф со 5-0 вечерва оствари и Исланд против Азербејџан, Израел и Швајцарија славеа со по 4-0 против Молдавија и Косово, а изненадување не дозволија фаворитите франција и Хрватска кои славеа на гости без примен гол.