Нов шок за навивачите: Јунајтед губи од четвртолигаш! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед сезонава по две кола нема победа во Премиер лигата, а „црвените ѓаволи“ не тргнаа добро и во Лига купот каде што по половина час имаат негатива од 2-0 против четвртолигашот Гримсби.

И двете екипи од стартот на седбата имаа свои прилики, но домаќинте успеаа да искористат една во 22. минута кога одлично во шеснаесетникот на Јунајтед се снајде Чарлс Вернам кој го матираше Онана.

Само осум минути подоцна, домаќините постигнаа и втор гол преку Варен.