
„Џелатот“ на Шкендија загуби, но ќе игра ЛШ!
Карабах најголем дел работата заврши во првиот натпревар во кој на свој терен славеше со 3-1, па вечерва иако загубија со 3-2 тие одат во најелитното фудбалско натпреварување.
Гостите од Унгарија тргнаа добро и со голот на Жозеф по 12 минути поведоа со 0-1, но сепак домаќините до крајот на првиот дел преку Леандро Андраде и Зубир го свртија резултатот.
Во вторио дел Ференцварош постигна два гола, но им недостасуваше уште еден за продолженија, стрелци беа Варга и Тот.
Фото. Qarabağ FK