Не му требаше многу: Јокиќ со еден потег ја исфрли цела одбрана на Естонија (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија сигурно чекори кон првата победа на Евробаскетот против репрезентацијата на Естонија, а Никола Јокиќ на самиот старт покажа зошто е еден од најдобрите во светот.

Не му требаше многу и уште во почетните минути на паркетот на турнирот, Јокиќ изведе едно фантастично додавање со кое ја исфрли од играта целата противничка одбран и отвори одлична позиција за својата репрезентација.