„Пораснав со македонски вредности, горд сум што сум од Македонија!"

Напаѓачот Милан Илоски кој го носи дресот на тимот на Филаделфија од МЛС лигата во иднина би можел да биде некој кој ќе ги брани боите на Македонија.

Илоски кој долги години живее во САД и настапуваше за неколку екипи од оваа земја во интервју за порталот „RG“ помеѓу другото зборуваше и за своето потекло од Македонија.

„Целата страна од татко ми се Македонци. Растев со мојата баба и дедо кои ми зборуваа на македонски. Иако не зборувам многу добро, јазикот го разбирам прилично добро и секогаш со нив сум комуницирал на македонски. Горд сум што сум од Македонија. Пораснав со македонски вредности и сите околу мене се однесуваа на таков начин, а тоа формираше и голем дел од мојот карактер и личноста која што сум денес.  

Откри Илоски и дека разговарал со фудбалери од македонската репрезентација и вели дека би разгледал таква опција, секако ако добие понуда.

„Сум разговарал со неколку фудбалери од македонската репрезентација и тоа би била интересна можност и нешто што сигурно би го разгледал, ако ми се понуди. Секако, сè зависи од тоа како ќе се одвиваат работите и какви други опции ќе имам, но би размислил за сè. Тоа би било позитивен чекор напред во мојата кариера. Отворен сум за сите можности. Да се претставува една репрезентација е навистина чест“, истакна Илоски.

Коа е европскиот фудбал во прашање Илоски беше дел само од Нордсјеланд за кој настапуваше една сезона.

„Нордсјеланд е тим со јасен идентитет и фокус на играње и развој на млади фудбалери. Таму многу напредував за краток период, но на крајот не се вклопив во моделот што клубот сакаше да го следи и тоа е во ред. Имам голема почит кон луѓето во Нордсјеланд, но за мене беше подобро да преминам во клуб каде што идеите и принципите се различни. Нордсјеланд е неверојатен клуб за развој и лично унапредување, но за мене, оваа преселба (во Филаделфија Унион) беше вистинско време и добра можност да се вратам во Америка и да играм за еден од најдобрите тимови“, истакна Илоски.

Негов идол е легендата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни.

„Кога растев, го обожавав Вејн Руни. Ми се допаѓаше како се движи на теренот. Работеше напорно и во секоја ситуација помагаше на тимот Тоа дефинитивно е нешто што се обидувам да го користам во мојата игра“ вели Илоски.

Ќе потсетиме, селекторт Благоја Милевски кој денеска го објави списокот за натпреварите со Саудиска Арабија и Лихтенштајн за овие средби испрати повик за Емил Растондер од швајцарски Тун.

Летово Илоски се истакна во натпреварот против Ванкувер во кој како фудбалер на Сан Диего каде што настапуваше како позајмен фудбалер во победата од 5-3 на неговиот тим беше стрелец на четири погодоци. 

Фото: milan_iloski_/Instagram