Миовски пред потпис со новиот клуб

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски, како што стојат работите, ќе ја напушти Жирона до крајот на преодниот рок и ќе се врати во Шкотска, каде што прикажуваше одлични насапи во дресот на Абердин.

Од пред неколку дена е познато дека Миовски е желба на шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс, а последните информации говорат дека преговорите за преселба на Македонецот во Ренџерс се во завршна фаза и не се очекува да се појават пречки во реализацијата.

Миовски минатото лето потпиша за Жирона, додека Абердин оствари рекордна продажба за сума од 6.8 милиони евра. Сепак, Миовски во Жирона не се снајде најдобро и постигна само четири гола на 22 настапи, два од нив беа во Купот на Шпанија.

Во Шкотска прикажуваше далеку подобри настапи и на 98 натпревари 44 пати ја тресеше противничката мрежа.

Исто така, медиумите на Островот, повикувајќи се на извори блиски до Миовски, тврдат дека Македонецот сака само долгорочен договор и не разгледува опции за позајмица.

Фото: Girona FC/X