Манчестер јунајтед не смета на Санчо, но ќе му го продолжи договорот!?

Од Манчестер јунајтед го предупредиле агентот на Џејдон Санчо дека ќе ја активираат опцијата за продолжување на договорот до 2027 година за тој да не може по крајот на оваа сезона да замине како слободен играч.

До Санчо нема пристигнато понуда која нему му се допаѓа, Манчестер јунајтед се договори со Рома, но тој не ги договори личните услови.

Уште во целост не е отфрлена можноста Санчо да се пресели во римскиот клуб, па Манчестер јунајтед бара начини како да го притисне.

Неговиот договор истекува во јуни 2026 година, но има и опција за продолжување на уште една.

Ако не замине од клубот ова лето, Јунајтед планира да ја активира опцијата за уште една сезона со цел Санчо да не може следното лето да замине како слободен играч