
Крвав детски спорт: Седум кривични, 75 инциденти и дури 15 повредени само во 2025!
Најсериозниот инцидент е регистриран пред неколку дена во Штип, каде по физички напад две момчиња биле хоспитализирани. Напаѓачот – татко на 15-годишен фудбалер – добил притвор, додека неговиот син доживотно е суспендиран. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, најголем дел од случаите, дури 45, се случиле во Скопје. Најчесто станува збор за нарушување на јавниот ред на трибините, што вклучувало фрлање пиротехнички средства, навредливи скандирања и физички пресметки.
МВР информира дека од регистрираните кривични дела, три се однесуваат на насилство, две на спречување службено лице во вршење должност, едно на напад врз полицаец и едно на насилство врз дете. Вкупно 11 лица добиле кривични пријави, покренати се 13 прекршочни постапки, а издадени се и парични казни и записници за 78 прекршоци.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.