Почнува новата сезона од Купот на Македонија - Вардар го брани трофејот!

Возбудувањата на домашната фудбалска сцена од лигашката фаза се префрлаат на купот, денеска на програмата се шест средби од ова натпреварување.

Денеска на програмата се шест натпревари од 1/16 финалето во Купот на Македонија, еден меч се игра утре, а останатите на 10 септември.

Од првото коло ослободени се финалистите Вардар и Струга.

Денешните средби почнуваат од 16 часот.

Башкими 2008 – Детонит Плачковица

Евротип – Силекс

Карбинци – Работнички

Љуботен – Македонија Ѓорче Петров

Охрид – Брера

Победа – Брегалница

Утре исто така од 16 часот се игра мечот меѓу Беласица и Арсими.