Лудогорец ослабен пред реваншот со Шкендија – еден од стартерите се сели во Мароко

Бугарскиот првак Лудогорец ќе биде ослабен на реваншот од плејофот во Лигата Европа против Шкендија што се игра в четврток во Разград.

Интернационалецот од Франција, Мунир Шујар, кој беше дел од стартната постава на мечот во Скопје, се договори со мароканскиот Беркан и кариерата ќе ја продолжи во овој клуб. Трансферот треба да биде потврден во секој момент, а како што тврдат бугарските медиуми, Шујар нема да биде дел од тимот на Лудогорец на дуелот в четврток.

Шујар е две години член на бугарскиот шампион, но за него одигра само седум натпревари. Првата сезона беше испратен на позајмица во Амиен, а минатата натпреварувачка кампања ја помина во швајцарскиот Цирих.