
Драма на Евробаскетот: Селекторот на Германија е итно хоспитализиран!
Засега нема премногу информации што точно му се случило на Мумбру, но се вели дека во прашање е накоја инфекција и тој ќе биде задржан во болница извесно време во Тампере, Финска. Се знае дека со сигурност нема да ги предводи Германците против Црна Гора во меч од првото коло.
Нејасно е колку долго ќе биде задржан, но она што е сигурно во овој момент е дека против Црна Гора, Германија ќе биде предводена од неговиот прв помошник, Алан Ибрахимагиќ.
Алекс Мумбру е поранешен шпански кошаркар кој помалку изненадувачки беше назначен за селектор на Германија заменувајќи го Гордон Херберт кој ги однесе Германците до златото на претходниот Мундобаскет и кој ја презеде селекцијата на Канада.
Европското првенство почнува утре, 27 август и ќе трае до 14 септември, се игра во Финска, Летонија, Кипар и Полска.