
Почнува новата сезона од Купот на Македонија - Вардар го брани трофејот!
Денеска на програмата се шест натпревари од 1/16 финалето во Купот на Македонија, еден меч се игра утре, а останатите на 10 септември.
Од првото коло ослободени се финалистите Вардар и Струга.
Денешните средби почнуваат од 16 часот.
Башкими 2008 – Детонит Плачковица
Евротип – Силекс
Карбинци – Работнички
Љуботен – Македонија Ѓорче Петров
Охрид – Брера
Победа – Брегалница
Утре исто така од 16 часот се игра мечот меѓу Беласица и Арсими.