
Пелистер предаден на „дисциплинска“ поради навредливо навивање против Шкупи!
Иако битолскиот клуб дојде до втората победа, дел од публиката со навредливи скандирања предизвика реакција од официјалните лица на мечот. Делегатот доставил пријава до Комисијата за натпревари при ФФМ, по што случајот е проследен до Дисциплинската комисија.
Од Фудбалската федерација на Македонија информираа дека предметот ќе биде разгледан дополнително, а исходот најверојатно ќе резултира со санкција за Пелистер.