Ужасно е на терените на УС Опен – труе на марихуана

Откако во 2021 година во Њујорк беше легализирана употребата на марихуаната, тенисерите на УС Опен постојано се жалат на страшниот мирис кој доаѓа на терените од долните делови на трибините.

Се пожали и Каспер Руд кој синоќа обезбеди пласман во второто коло од последниот Гренд слем откако го совлада Офнер со 3-0. Норвежанецот призна дека таквата атмосфера многу му пречи и дека не сака да игра во такво опкружување.

„Најголема деградација на турнирот во Њујорк е што труе на мариуана. Мораме да се помириме со тоа, но мене не ми е баш омилен мирис“, изјави Руд.

Организаторот на УС Опен засега не планира да направи ништо по ова прашање иако на најголем број турнири низ светот е забрането дури и пушење цигари.