Алкараз објасни зошто има фризура „на нула“: Брат ми е виновен!

Карлос Алкараз го привлече вниманието на тениската јавност откако ноќеска против Рајли Опелка излезе со нова фрузира, без многу коса на главата.

Секако дека на сите им беше интересно да слушнат како дошло до ваква промена на имиџот, па такво прашање доби и по мечот од спикерката на главниот терен. Алкараз објасни што се случувало претходните денови, а за фризурата го „обвини“ својот брат.

„Едноставно, косата ми беше предолга и сакав да ја исшишам. Брат ми и јас бевме сами, тој не се снајде добро со машинката и многу ми ја скрати косата. Единствен начин да ја средам фризурата беше целосно да ја скратам и затоа е ваква. Искрено, мислам дека не е лошо, не сакам долга коса, а ионака брзо ќе порасне“, низ смеа раскажа Алкараз.

Следен ривал на Шпанецот ќе биде Матија Белучи којо во првото коло го елиминира Шанг од Кина со 3-0.