Марк Маркез чекори кон титулата во Мото ГП, прв ќе тргне и во Унгарија!

Шпанецот Марк Маркез е на одличен пат да дојде до титулата во Мото ГП шампионатот откако денеска беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Унгарија и обезбеди пол-позиција.

На патеката „Балатон Парк“ возачот на Дукати извозе круг од 1:36.518 што беше доволно да ја обезбеди пол-позицијата за утрешната трка. Зад него во Унгарија ќе тргнат Марко Бецеки и Фаби Ди Џанатонио.

Неуспешни квалификации повторно имаше Франческо Бањаја кој на главната трка ќе стартува од 15. позиција, две позиции зад него ќе стартува актуелниот шампион Хорхе Мартин.

Денеска на програмата е и спринт трката во терминот од 15:00 часот.

Фото: Moto GP