Новото правило вчера на дело го видовме и во ПМФЛ (ВИДЕО)

Oд оваа сезона ФИФА воведе правило според кое голманите не смеат да ја задржуваат топката подолго од осум секунди, а вчера за првпат го видовме како се користи и во македонскиот фудбал.

Во натпреварот помеѓу Брера и Вардар во Скопје кој заврши без победник 2-2, голманот на струмичкиот состав Славе Вргов се обиде да „украде“ малку време и повеќе ја задржа топката во своите раце.

Сепак, главниот судија Фуркан Идризи не заборави на новото правила и досуди корнер за екипата на Вардар.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by xclusivesport (@xmksport)