Продолжува распадот на чаирчани: Капитенот на Шкупи се пресели во Македонија ЃП!

Повратник во прволигашката фудбалска конкуренција, екипата на Македонија ЃП, денеска го засили својот состав со потписот со поранешниот младински репрезентативец, Али Адем.

Станува збор за 24-годишен дефанзивен играч за врска, кој доаѓа од Шкупи, каде што како капитен ја заврши својата трета епизода на Чаир. Ѓорчепетровци очекуваат токму неговото искуство да донесе стабилност во борбата за опстанок, додека ова ќе биде уште еден голем удар за чаирчани, кои ионака се на работ од згаснување.

Адем професионалната кариера ја започна во Вардар, а потоа настапуваше и за грчките Арис и Верија, албанскиот Фљамуртари. Македонија ЃП по првите две кола во новата сезона сè уште е без бодови, а првата шанса за позитивен резултат ќе ја има во претстојниот меч против Силекс.