Интер потпишува со голем талент на Хајдук!

16-годишниот Дује Слатина од Хајдук оди во Интер, објави Фабрицио Романо, но и други италијански новинари. Сите велат дека работата е завршена.

Се работи за капитенот на кадетскиот тим на Хајдук кој важи за еден од најголемите таленти во клубот.

И претходно се пишуваше за овој фудбалер и можноста да оди во Интер, но се чинеше дека ништо нема да биде од трансфер и тој ќе продолжи во Хајдук, сепак последните информации велат дека младиот играч оди во Серија А.

Засега не е познато колку ќе заработи Хајдук од овој трансфер, дали ќе има обештетување или само сума која им следува за развој на играчот во нивната школа.

Слатина игра на позицијата десен бек, тој е дел и од младинските репрезентации на Хрватска.