Манчестер јунајтед сака да исправи една голема грешка од пред две години!

Сѐ погласно се шпекулира дека Манчестер јунајтед ќе направи промена на голманската позиција ова лето, тие сакаат на Олд Трафорд да го вратат Давид де Хеа.

По сезоната 2022/23 договорот на Де Хеа со Манчестер јунајтед истече, клубот се одлучи да не ја продолжи соработката со него, туку да го донесе Онана.

Додека Андре Онана редеше киксови во дресот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа беше брилијантен меѓу стативите на Фиорентина.

Онана не беше во составот на Манчестер јунајтед за дербито против Арсенал, тоа е еден знак дека клубот размислува за голманска промена.

Бајандир бранеше вчера, но турскиот голман не е ниво кое му треба на Јунајтед.

Наводно во клубот одлучиле да ја исправат грешката од пред две години и да го вратат Давид де Хеа.