Милан продава играч во Премиер лигата!

Росонерите се засилуваат за наредната сезона, но мора и да продаваат, еден од оние кои ќе заминат од клубот е Ноа Окафор кој ќе оди во Англија.

Окафор е на чекор до трансфер во Лидс, се очекува тој да биде комплетиран во наредните денови.

Понудата на Лидс е нешто над 20 милиони евра, а таа е прифатлива за Милан.

Фудбалерот ќе стави потпис на договор до јуни 2029 година, со опција за продолжување на уште една сезона.

Се чека само зелено светло од фудбалерот.