
Ѓоковиќ ги доби првите противници на УС Опен
Тој ќе игра заедно со Олга Даниловиќ. Ждрепката за турнирот во двојки е веќе изршена, а за противници на стартот ќе ги имаат Данил Медведев и Мира Андреева.
Со оглед на имињата ова ќе биде и најинтересниот меч во првото коло од турнирот во двојки.
Турнирот во двојки почнува од осминафиналето, а ќе се игра по забрзан формат. Во ист ден ќе бидат и четвртфиналните дуели. А веќе наредниот ден ќе се игра и завршницата.
Подобриот од дуелот Ѓоковиќ/Даниловиќ - Медведев/Андреева во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од Пегула/Дрејпер - Радукану/Алкараз. Пегула и Дрејпер се први носители на турнирот.
Осминафиналето и четвртфиналето се играат на 19 август, полуфиналето и финалето се играат на 20 август.