Швјонтек и Паолини ќе играат за титулата во Синсинати

Третата и деветтата светска тенисерка на ВТА листата Ига Швјонтек и Џазмин Паолини обезбедија пласман во годинашното издание на Мастерсот во Синсинати.

Швјонтек синоќа ја совлада Елена Рибакина со 2-0 (7-5, 6-3) за точно 100 минути игра. Казахстанката ја пропушти својата шанса во првиот сет во кој имаше предност од 5-3, но потоа загуби четири гема во низа. Во вториот сет клучен беше четвртиот гем во кој Швјонтек направи брејк што потоа го сочува до крајот, за убедлива победа.

Многу понеизвесно беше на дуелот меѓу Паолини и Кудерметова кој заврши со триумф на Италијанката со 2-1 (6-3, 6-7, 6-3). Откако двете тенисерки освоија по еден сет, клучен беше шестиот гем во третиот сет во кој Паолини направи брејк и веднаш потоа седмиот, во кој спаси три брејк топки.

И за Швјонтек и за Паолини, ова е прв пласман во финалето од Мастерсот во Синсинати и вечерва околу полноќ ќе ја почнат својата борба за првиот трофеј на овој турнир.