
Марк Маркез го урна проклетството - првпат победи во Австрија!
Шпанскиот МотоГП ас, Марк Маркез имаше фантастична трка во Австрија, патека која за него беше проблематична во изминатото.
Неговиот ривал Италијанецот Марко Бецеки цели 19 круга ја водеше тката, но Маркез на осум круга пред крајот успеа да го престигне и да дојде до лидерската позиција.
На втората позиција излезе и Фермин Алдегар, па Маркез наместо да се бори со Бецеки требаше да внимава на залетаниот негов сонародник кој го нападна и првото место. Сепак Маркез покажа искуство и ја задржа позицијата.
Со оваа победа Марк Маркез го урна проклетството во Австрија и ја зголеми предноста во генералниот пласман. Сега има 418 поени, односно 142 бодови повеќе од неговиот брад Алекс Маркез, односно 197 од Пеко Бањаја.