
Барса повторно има помош од судиите, Рафиња не доби чист црвен картон! (ВИДЕО)
Барселона особено е под лупа откако се дозна за случајот „Негреира“ односно милионските уплати кон поранешниот потпретседател на Судискиот комитет.
Многумина веруваат дека Барса често има помош од судиите, а како еден од доказите сега им стои и вчерашниот дуел против Мајорка кој Каталонците го добија со 3-0.
Во фокусот е еден опасен старт на Рафиња во финишот на првиот дел против Мајорка. Бразилецот помина само со жолт картон, но многумина сметаат дека офанзивниот фудбалер требалo да добие црвен.
За разлика од Рафиња, фудбалерите на Мајорка добија два црвени картони уште во првото полувреме.