Кадетите по неизвесна битка поразени и од Бугарија

Maкедонската кошаркарска репрезентација до 16 години загуби и од Бугарија (65-70) во денешниот натпревар, па ќе продолжи во разигрувањето за пласман на Европското првенство во „Б“ дивизијата.

Во најголем дел од натпреварот борбата на силите на теренот беше израмнета, но нашите кошаркари потклекнаа во финишот, а тоа Бугарија знаеше да го искористи.

При водство на Бугарија од еден поен во последните моменти, Македонија имаше напад за победа, меѓутоа на три секунди пред крајот ја загубивме топката, па ривалот дојде до триумф.

Најефикасен поединец во нашите редови беше Стефан Илиев кој постигна 18 поени, Лука Чуванов додаде 15 и 12 скока. На спротивната страна Георги Димов уфрли 16.

Од почетокот на првенството, Македонија ја победи само Словачка, а ги загуби натпреварите со Кипар, Полска, Босна и Хереговина и Шведска.