
Силекс без борба до три бода со Шкупи!
Шкупи е во огромен хаос и според сегашната ситуација, би било чудо ако успеат да издржат до крајот на сезоната. Тимот има проблем со предвидената бројка за регистрација на фудбалери, но исто така и не можат да играат натпревари во Чаир.
Единствено стадионот на Шкупи не ги исполнува условите за ВАР технологијта, се најавуваше дека Башкими се понудил да го отстапи својот стадион во Куманово за ова коло, но ФФМ не дозволи такво нешто.
За Силекс ова е втор триумф во сезоната откако во првото коло ја совладаа Брера со 5-0, додека Шкупи со 5-1 беше поразен од Шкендија во Тетово.