Ѓорческа фуриозно мина уште една пречка во Куршумлијска Бања - ќе игра во полуфинале!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања откако лесно во два сета ја совлада Италијанката Аурора Ѕантедески.

Лина во денешниот четвртфинален дуел загуби само пет гема. Првиот сет беше релативно неизвесен, македонската тенисерка го доби со 6-4, а во вториот беше поуспешна со убедливи 6-1.

Во полуфиналето утре ќе игра против Ралука Шербан од Кипар која е прва носителка на турнирот.

Турнирот е од рангот W75 и се игра за награден фонд од 60.000 долари.