Наполи сериозно сака да го врати Елмас, но има еден проблем!

Наполи навистина тргна во лов на нашиот Елиф Елмас, а „Газета дело Спорт“ сега открива и детали за понудата на наполитанците кон Лајпциг.

Наполи сака да го земе Елмас на позајмица во првата сезона, а потоа да го откупи неговиот договор.

Но, проблем е сумата која ја нудат. Според италијанскиот весник, Наполи нуди двојна помала сума од онаа на која им го продадоа на Лајпциг.

Продажбата беше за 25 милиони евра, што значи дека Наполи сега нуди 12,5 милиони евра. Сума која тешко дека ќе ја прифати Лајпциг и се очекува тоа да биде проблем за реализација на овој трансфер.

„Понудата на Наполи е Елмас оваа сезона да игра на позајмица, а потоа да биде откупен. Проблем е тоа што Наполи сега нуди двојно помала сума за откуп од оние 25 милиони евра за кои Лајпциг го купи од нив пред 18 месеци. Мисијата ќе биде тешка, но во фудбалот се е можно“, пишува „Газета дело Спорт“.

Наполи би била идеална средина за Елмас од причина што македонскиот фудбалер многу добро го познава тимот и градот.

Влегуваме во финишот од преодниот рок, па наскоро ќе се знае иднината на Елмас.