Сензација: Некогаш плачеше и се предаваше, а сега го преслуша четвртиот во светот!

Францускиот тенисер Терeнс Атаман направи огромно изненадување на мастерсот во Синсинати, откако како 136-ти на АТП ранг-листата успеа да го елиминира четвртиот носител, Тејлор Фриц (3-6м 7-5, 6-3).

Тој со ова избори прво четвртфинале во кариерата на турнир од серијата „Мастерс 1000“, иако во САД пристигна со скор 1-4 во оваа сезона. Французинот стана најслабо рангиран четвртфиналист во Синсинати од 2022 година, кога Борна Ќориќ стигна до титулата како 152. на светот.

„Не можев да поверувам. Рацете ми се тресеа, мислев дека ќе ја загубам поенот, но топката падна каде што требаше. Тоа беше момент кога сфатив дека мечот е завршен. Неверојатно чувство, пресреќен сум“, изјави Атаман по сензационалната победа.

Французинот имаше импресивен настап уште од квалификациите, каде што не загуби ниту еден сет. Во главниот жреб ги елиминираше Јошитака Нишиока, Флавио Коболи, Жоао Фонсека, а потоа и Фриц. Во борбата за полуфинале го очекува дуел со седмиот носител Холгер Руне.

„Каква недела! Конечно мојот труд почнува да се исплаќа. Но ова е само еден турнир – морам да го повторувам овој ниво од недела во недела ако сакам да бидам таму каде што се најдобрите“, додаде 22-годишниот Атаман, кој со најновите поени првпат ќе влезе во Топ 100.

Тој лани доживеа тежок момент на својот прв гренслем-настап, кога во солзи се повлече од мечот со Данил Медведев на Австралија опен поради проблеми со жештината.