Реал Мадрид бесплатно ќе ангажира фудбалска ѕвезда вредна – 60 милиони евра!

Ливерпул работи на трансфер на двајца стопери – Марк Гехи и Џовани Леони – што дополнително ги поттикна шпекулациите за заминување на Ибрахима Конате, кој има договор до крајот на следната сезона, а шпанските медиуми го поврзуваат со Реал Мадрид.

„Црвените“ сакаат да му понудат нов договор, но „кралевите“ планираат да почекаат и да го донесат без отштета, но не се исклучува ниту офанзива уште ова лето. Според пишувањата, понудата би изнесувала меѓу 20 и 25 милиони евра, далеку под неговата моментална проценета вредност од 60 милиони. Конате, пак, наводно веќе дал зелено светло за преселба во Мадрид.

Во исто време, управата на Ливерпул останува решена да го задржи и да не дозволи заминување под пазарната цена, а уште помалку без обештетување. Сепак, најавените засилувања во ликот на Гехи и Леони може да значат дека клубот се подготвува за негова евентуална замена.

Конате во Ливерпул пристигна пред пет години од Лајпциг за 40 милиони евра.

ФОТО: EPA PHOTO