Илиевски направи две измени во составот за мечот со Романија!

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски пријави двајца нови кошаркари за вечерашниот меч од претквалификациите против Романија.

Вечерва со почеток од 18 часот во „Орадеа Арената“, македонските кошркари играат нов меч против Романија. Селекторот за овој дуел направи две принудни измени.

Еден од најискусните во составот, Адем Мекиќ не го издржа главниот тренинг и нема да може да биде дел од тимот за дуелот со Романија. На негово место во составот влезе Марко Миловановиќ.

Селекторот се одлучи и за уште една промена, на местото од Тома Стојаноски, влегува Никола Василевски кој ги чека првите минути во сениорскиот дрес на Македонија.

Македонија која игра во подмладен состав, по првите два меча во претквалификациите има исто толку порази.