
Звезда си ја одработи задачата, ама остана без двајца фудбалери (ВИДЕО)
По триумфот од 3-1 минатата недела во Познањ, денеска белградскиот тим одигра нерешено (1-1), но голем дел од навивачите си заминаа дома разочарани. Причина за тоа се некои нерезонски потези на фудбалерите на Црвена Звезда поради што овој тим против Пафос ќе биде драстично ослабен.
И покрај тоа што по првото полувреме Звезда водеше со 1-0 и вкупни 4-1, Родриго си дозволи да добие црвен картон во 57. минута, а во 81., на најдобриот играч во овој двомеч Раде Круниќ му беше покажан жолт картон, па двајцата нема да играат на првиот меч против Пафос. Лех го искористи фактот што противникот е со фудбалер помалку и преку Ишак во 93. минута се избори за нерешен резултат на овој меч.
Последниот тим што обезбеди пласман во плејофот од Лигата на шампионите е казахстанскиот Каират кој на пенали го елиминира Слован од Словачка.
РЕЗУЛТАТИ
Карабах - Шкендија 5-1 (вкупно 6-1)
Копенхаген - Малме 5-0 (5-0)
Фенербахче - Феенорд 5-2 (6-4)
Пафос - Динамо Киев 2-0 (3-0)
Викторија Плзен - Ренџерс 2-1 (2-4)
Бриж - Салцбург 3-2 (4-2)
Ференцварош - Лудогорец 3-0 (3-0)
Слован - Каират 1-1 (1-1, на пенали 3-4)
Бенфика - Ница 2-0 (4-0)
Црвена Звезда - Лех 1-1 (4-2)
ДВОЈКИ ЗА ПЛЕЈОФОТ
Ференцварош - Карабах
Црвена Звезда - Пафос
Бодо - Штурм
Селтик - Каират
Базел - Копенхаген
Фенербахче - Бенфика
Ренџерс - Бриж