
Шкендија во Бугарија ќе брка пласман во Лигата Европа
Тетовци ќе се сретнат со шампионот на Бугарија, Лудогорец кој, исто така, се сели во второто по квалитет натпреварување на УЕФА бидејќи загуби во реваншот со Ференцварош со 0-3. Првиот меч во Разград, одигран минатата недела, заврши без голови. Головите за Ференцварош вечерва ги постигна Варга, во 38. и 79. и Шалај во 86. минута.
Според распоредот, Шкендија треба да биде домаќин на првиот натпревар против Лудогорец, на 21 август во Скопје. Лудогорец е апсолутен владетел во бугарскиот фудбал последните 14 години, освојувајќи ги сите шампионски титули од 2012 наваму.