Сабаленка спаси 12 брејк-топки пред да победи на турнирот во Синсинати!

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, се пласираше во третото коло на турнирот во Синсинати, откако во два сета ја совлада Маркета Вондрушова (7-5, 6-1) од Чешка.

Белорусинката, која ја брани титулата во Синсинати, одигра сигурен меч и особено се истакна во дефанзивата, спасувајќи дури 12 брејк-топки против освојувачката на Вимблдон 2023 година. Првиот сет беше клучен, а во вториот Сабаленка целосно доминираше и го заврши со убедлива предност. Ова беше нејзин прв настап по полуфиналето на Вимблдон, бидејќи го пропушти турнирот во Монтреал за да се одмори и подготви за завршницата на сезоната.

Таа во осминафиналето ќе се сретне со Британката Ема Радукану, која во второто коло ја елиминираше Србинката Олга Даниловиќ (6-3, 6-2). Турнирот во Синсинати е последна проверка за најдобрите тенисерки пред „Ју-Ес опен“, кој започнува на 24 август во Њујорк.

ФОТО: X / @sabalenkarchive