
Беќири: Имаме почит кон Карабах, но сакаме нов историски успех!
По обезбедениот пласман во групната фаза на Конференциска лига, Шкендија не планира да запре и ќе се обиде да извлече позитивен резултат против Карабах, со цел да се избори за уште поголем успехј во Европа.
„Секој противник има своја тежина и квалитет. Карабах е дисциплинирана екипа, но доколку останеме со нозете на земја и се бориме максимално, може да поминеме добро во двомечот. Имаат тренер кој долги години е таму без прекин, но ние имаме наши сметки и ќе се обидеме да дадеме максимум на теренот. Имаме почит кон Карабах, но и кон себе. На овие натпревари треба да се надминеме и да го дадеме максимумот. Сакаме да испишеме нов историски успех“, кажа Беќири.
Првиот натпревар меѓу Шкендија и Карабах се игра утре од 20.00 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.