Многу емоции на „Енфилд“: Сè застана во 20. минута (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Атлетик Билбао денеска на „Енфилд“ беше прв во домот на англискиот гигант по смртта на Португалецот Диого Жота, па поради тоа донесе многу емоции.

Во чест на Жота средбата симболично беше прекината во 20. минута кога целиот стадион стана на нозе да му оддаде почит на напаѓачот кој загина во сообраќајна несреќа.

Ќе потсетиме, Жота го загуби животот во Шпанија враќајќи се на подготовките во Ливерпул, а со него настрада и неговиот брат Андре Силва.

Емотивни беа и сцените пред почетокот на средбата при интонирањето на химната.