Модриќ претставен во Милан: Сакам да освојувам титули, но и да играм на СП 2026!

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ денеска беше претставен во дресот на Милан, каде што доаѓа по завршување на соработката со шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Модриќ има големо искуство кое ќе се обиде да им го пренесе на новите колеги и да им помогне да се вратат на врвот во Италија.

„Пораснав со италијански фудбал. Милан ми беше омилен тим во Италија. Исто така, мојот идол Звонимир Бобан играше во Милан“, кажа Модриќ.

Искусниот фудбалер кажа дека негова цел е да освојува титули со Милан, но и да настапи на Светското првенство (СП) во 2026 година.

„Не смееме да се задоволиме само со пласман во Лига на шампиони. Сепак, потребно е многу да работиме за да го вратиме тимот на врвот. Моја цел е да освојувам титули, а тоа треба да биде цел и на останатите. Сакам да играм и на СП 2026, но најпрво треба да се квалификуваме“, кажа Модриќ.

Модриќ во кариерата играше за Динамо Загреб, Интер Запрешиќ, Зрињски Мостар, Тотнем, Реал Мадрид и сега го носи дресот на Милан.