Легендата нема дилеми: Барса создаде трио со кое може да доминира

Маркус Рашфорд денеска во натпреварот кој Барселона го доби  Даег од Јужна Кореја со 5-0  го постигна својот првенец во дресот на каталонскиот гигант.

Флик го користеше Рашфорд како најистурен во нападот, а тој констатно беше закана за потивничкиот гол и имаше уште неколку прилики.

По натпреварот се огласи Тиери Анри кој имаше пофалби за Рашфорд, но и еден совет.

„Совет за Рашфорд? Нека учи од Левандовски, а потоа да го наследи. Рашфорд има брзина и реализација, а потребно е уште да ги научи движењата на Левандовски и да биде голем голгетер. Триото, Јамал, Рафиња и Рашфорд може да доминира во Европа во наредните години“, изјави Анри.

За Рашфорд по натпреварот зборуваше и тренерот Ханси Флик.

„Рашфорд може да игра како лево крило и како напаѓач. Денес играше како напаѓач бидејќи Феран Торес имаше мали проблеми. Најважно е да ни го носи она што е потребно и да имаме повеќе опции во нападот“, истакна стратегот Барселона.