
Во Скандинавија се делат корисни награди - фудбалер доби 55 килограми компири! (ФОТО)
Претходно норвешкиот клуб Брине стана хит поради слични награди, меѓудругото тие на фудбалер за играч на мечот му дадоа и четири табли со јајца.
Сега данскиот Сондерјиске додели 55 килограми компири.
Колку и да изгледа смешно, ова дефинитивно се награди кои се многу покорисни од некоја статуетка која ќе фаќа прашина. Можеби овој пример треба да се рашири и на другите делови од Европа.