Фудбалери на Јунајтед, Ливерпул и Арсенал во битка за срцето на најпосакуваната жена во САД!

Холивудската актерка, Сидни Свини ,добива бројни пораки од фудбалски ѕвезди, пред се од врвни англиски клубови како Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал, објави британскиот таблоид „Сан“, а нивниот интерес драстично се зголемил откако актерката ја прекина свршувачката со бизнисменот Џонатан Давино.

Според извор близок до актерката, нејзиниот Инстаграм е преплавен со пораки од познати спортисти и јавни личности.

„Сидни постојано добива понуди за состаноци, патувања во Европа и подароци. Некои дури се обиделе да ѝ ја пронајдат домашната адреса за да ѝ испратат цвеќе, но таа секогаш одбива“, изјавил изворот.

Свини, позната по улогите во сериите „Еуфорија“ и „Бел лотос“, од 2018 година беше во врска со Давино, со кого и продуцираше неколку филмски проекти. Двојката се сврши во 2022 година, но оваа година ја прекина свршувачката, а венчавката беше откажана.

Интересот за актерката не доаѓа само од фудбалери. Таа, наводно, добива над сто пораки месечно од милионери, познати личности и богати бизнисмени од Азија и Блискиот Исток. Таа е позната како една од најпосакуваните жени во САД, заедно со поп-иконата Мадона.