Мајка на хокеар направи хаос на турнир во Прага (ВИДЕО)

На летниот хокеарски турнир „Лавовски куп“ во главниот град на Чешка се случи несекојдневна ситуација кога една мајка на хокеар го прекина мечот меѓу Јунајтед селектс и Ајс Мамут.

Мајката не беше задоволна поради тоа што противниците на нејзиниот син, кој игра за Јунајтед селектс, почнале да се однесуваат агресивно, па решила да ги „воспита“.

За среќа реагираа судиите кои спречија посериозен инцидент, но тоа не ја спречи мајката да упати пцовки.