Комична сцена: Перишиќ асистираше, па со глава се удри во лаптоп (ВИДЕО)

ПСВ триумфира против Гоу Ахед Иглс со 2-1 во Суперкупот на Холандија, а за време на дуелот се случи една комична ситуација во која главната улога му припадна на хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ.

Перишиќ успеа да асистира за погодок на неговиот тим, а потоа се лизна и заврши со главата во лаптоп, по што сцената стана хит на социјалните мрежи.