
Челси продаде уште еден фудбалер за 33 милиони евра
Англичанецот го напушта „Стемфорд Бриџ“ и се сели во Евертон, кој ќе треба да плати вкупно 33 милиони евра за услугите на фудбалерот.
Екипата од „Гудисон парк“ најпрво ќе исплати 28 милиони евра, а потоа уште пет милиони преку различни бонуси.
Челси претходно ги продаде Ѓорѓе Петровиќ, Нони Мадуеке, Жоао Феликс, а наскоро се очекува да заминат и Рахим Стерлинг, Кристофер Нкунку, Аксел Дисаси, Бен Чилвел и други.
Фото: Facebook/Chelsea FC