Ибраими: Во фудбалот не победува секогаш фаворитот, мора да веруваме во себе!

Шкендија се наоѓа пред нов голем предизвик во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ) затоа што пред себе го има незгодниот Карабах, но напаѓачот на македонскиот прволигаш, Бесарт Ибраими верува дека можат да го изненадат тимот од Азербејџан.

Тетовци веќе обезбедија пласман во групна фаза во Конференциската лига, а со евентуална елиминиација на Карабах би играле во групите во Лига Европа, па Ибраими верува дека такво нешто е возможно, но мора да дадат сè од себе на теренот.

„Сакам да го дадеме најдоброто, како на претходните дуели. Мора да веруваме во себе, зошто да не одиме по нова историја? Се наоѓаме во добра ситуација. Во фудбалот не победува секогаш фаворитот. Ќе направам сè за да дадам гол, но најважно е Шкендија да ја исполни својата цел“, кажа Ибраими.

Првиот натпревар меѓу Шкендија и Карабах се игра утре од 20.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, додека реваншот е една недела подоцна од 18 часот.